Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, ги откри своите размислувања за првенствата на Саудиска Арабија и САД во кое многу играчи се преселија ова лето.

 

– Тие имаат големи пари, тоа привлекува играчи. Ова има ефект и во Европа. Но, ова не го гледам како проблем за англиската Премиер лигата. Ова е лигата во која сакаат да играат големите играчи. Првенството на Саудиска Арабија и американската МЛС не можат да се тркаат со шампионатот на Англија. Тие не ни се конкуренција, изјави Тен Хаг за „BBC Sport“.

 

Во тековниот, летен трансфер период досега 15-ина врвни фудбалери кои играа во петте најдобри европски лиги заминаа во Саудиска Арабија и Америка



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.