Распоредот на фудбалски натпревари е сè погуст и играчите веќе не можат да го поднесат тоа преоптоварување, изјави денеска тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг.
– Секој пат кога календарот ќе се продолжи, оптоварувањето на играчите е преголемо. Многу мои колеги тоа веќе го истакнаа, и јас го истакнав, но бројот натпревари и натаму расте, изјави холандскиот стратег чиј тим е оптоварен од бројни повреди на почетокот на сезоната во Премиер лигата.
Тен Хаг потсети дека лани се одржа Светското првенство во екот на прволигашката сезона, и оти неговиот тим потоа имал долга сезона, а кратка пауза.
– Играчите веќе не можат да се носат со тоа оптоварување и тоа го гледаме во многу тимови во овој момент, посочи Тен Хаг
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.