Млад фудбалер се самоуби откако дозна дека неговата мртва мајка е жртва на некрофилот Дејвид Фулер!

Телото на талентираниот играч Џеј Кар (20) го пронашла полицијата во шумска област во близина на неговиот дом во Кент, еден ден откако исчезнал. Неговите постојни ментални здравствени проблеми се влошиле откако му било кажано дека неговата мајка е жртва на таканареченото чудовиште од мртовечница.

Двојниот убиец и некрофил Фулер сквернавиЛ најмалку 101 тело додека работел во мртовечниците во болницата Танбриџ Велс и поранешната болница во Кент и Сасекс.

Семејството верува дека младиот човек не требало да дознае за неговата мајка со оглед на неговите постојни проблеми со менталното здравје, меѓутоа, полицијата рече дека неговиот татко се согласил Џеј да знае што се случило.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.