Во првиот натпревар од финалето за пласман во Првата италијанската фудбалска лига Монца на домашен терен ја совлада Пиза со 2-1 (1-0).
Монца имаше предност од 2-0 благодарение на головите на Моти (девета минута) и Гуткјаер (74) се до третата минута од судиското продолжение кога Бера (90+3) биеше прецизно и ја преполови негативата на Пиза пред реваншот на домашен терен в недела.
Монца никогаш во клупската историја не била дел од италијанската Серија А, додека Пиза ќе се обиде да се врати во прволигашкото друштво првпат по 1991 година.
Пласман во Серија А претходно изборија Лече и Кремонезе, додека прволигашкиот статус го загубија Венеција, Џенова и Каљари
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.