Тренерот на македонскиот фудбалски шампион, Струга Трим и Лум, Шпетим Дуро, е умерен оптимист пред натпреварот против шампионот на Луксембург, Есперанж, во 3. квалификацискоколо од Конференциската лига на УЕФА.

Албанскиот стратег, на прес-конференцијата пред натпреварот, истакна дека противникот е многу квалитетен противник, што не смее да биде потценет. Сепак, Дуро порача дека кај фудбалерите на Струга може да се забележи мотивацијата да се направи нов чекор во европското нклупско натпреварување.

Ова е натпревар кој го чекаме со големо нетрпение. Знаеме дека пред нас е историска шанса да дојдеме до плејофот и затоа секој во тимот носи огромен мотив за надигрување и успек. Всушност секој натпревар за нас во Европа е голем предизвик. Така ќе биде и утре посакувајќи позитивен резултат пред реваншот.

 

Тргнуваме двете екипи со израмнети шанси, но јасно е дека наша цел ќе биде победа на домашен терен. Нема што многу да менуваме во формацијата затоа што досега победувавме на тој начин. Секако дека крајна наша цел е да дојдеме до групната фаза во Конференциската лига. Ќе се обидеме иако знаеме дека ќе биде тешко“, изјави Дуро.

Убеденост во успех против тимот од Луксембург, изрази и Марјан Радески, кој летово е играчите на Струга, коишто покажуваат најдобра форма

Знаеме дека не очекува тежок меч и покрај тоа што се работи за тим од Луксембург. Имаат сериозен индивидуален квалитет во своите редови. Максимално ги респектираме, но веруваме дека ние имаме поголеми шанси да се пласираме во следното коло. Ако одиграме како што игравме досега во Европа, со силен мотив на ниво на тимот тогаш успехот ќе дојде“, изјави Радески.

Натпреварот Струга Трим Лум против Есперанж ќе го игра в четврток со почеток од 17 часот на тренинг-центарот на ФФМ во Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.