Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне проговори за неговата здравствена состојба.

Триесет и двегодишниот фудбалер се повреди на натпреварот од првото коло од Премиер лигата против Барнли. Белгиецот нема да може да им помогне на тимот на Пеп Гвардиола до крајот на 2023 година.

– Се оди добро. Закрепнувањето е во тек, ќе ми треба уште малку време. Ќе се вратам набргу по почетокот на 2024 година, изјави Де Брујне за „Дејли мејл“.

Манчестер Сити (29 бода) е втор во Премиер лигата по 13 натпревари. зс/

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.