Фудбалерите на Швајцарија ја совладаа Унгарија со 3:1 (2:0) на отворањето на вториот ден од Европското фудбалско првенство во Германија.

Стрелци на головите за Швајцарија беа Дуах во 12 минута, Едишер (45) и Емболо (90+3), додека неизвесност во дуелот во Келн донесе Варга во 66 минута.

Во воведниот натпревар во групата А, домаќинот Германија синоќа ја совлада Шкотска со 5-1.

Вториот ден на ЕВРО2024 продолжува со натпреварите од воведното коло во групата Б меѓу Шпанија и Хрватска (18 часот) и бранителот на титулата Италија против Албанија (21 часот).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.