Шпанската Ла Лига до надлежните власти пријавила обид за местење фудбалски натпревар, откако поранешниот играч на Џирона, Адај Бенитез, обелодени дека му биле понудени пари неговиот тим да загуби.

Ла Лига го пријави случајот откако Бенитез, гостувајќи во спортска емисија, изјави дека му биле понудени 50.000 евра Џирона да загуби натпревар на крајот на сезоната 2016/17.

Бенитез изјави дека не го прифатил тоа, но не откри други детали за тоа кој му понудил пари.

Минатиот месец шпанската полиција уапси шест лица поради нивна наводна вмешаност во план да го наместат резултатот на натпревар од Купот на кралот во 2021 година. Натпреварот кој беше под истрага е победата на Леванте над нисколигашот Хуракан Мелил од 8-0.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.