Репрезентацијата на Шпанија е новиот европски фудбалски првак откако вечерва во Берлин, во финалето на превенството славеше со 2-1 (0-0) над Англија. Ова е четврта титула европски шампион за Шпанија што ја прави најтрофејна нација на европските првенства.
Финалето беше решено на четири минути пред крајот, а Шпанија стана прва репрезентација која со седум победи од седум меча стигнала до европската титула.
Првото полувреме не понуди многу возбудувања и динамична игра и најголемата шанса ја имаше Фил Фоден пред неговиот истек. Фудбалерот на Манчестер Сити доби една топка на 7-8 метри од голот, опасно шутираше, но Унаи Симон мирно интервенираше.
Шпанците поведоа на стартот од вториот дел со голот на Вилијамс по асистенцијата на Јамал.
Следуваше израмнувањето на Англичаните со погодококот на членот на Челси, Палмер, асистент беше Белингам.
И кога можеби сите помислија дека овој меч оди во продолженија, тоа не го дозволи Шпанија.
Во 86. минута по асистенцијата на Кукуреља победата и титулата за Шпанија ја донесе Ојарзабал кој ја затресе англиската мрежа од непосредна близина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.