По девет години Сер Алекс Фергусон се враќа во Манчестер јунајтед, клубот каде што стана еден од најголемите тренери во историјата на фудбалот. Славниот Шкотланѓанец ќе има сосема нова, советничка улога на „Олд Трафорд“.

Имено, извршниот претседател на клубот, Ричард Арнолд, решил да состави своевиден совет од експерти кои со оглед на своето искуство ќе помогнат во креирањето на спортската политика на клубот и ќе го водат неговиот развој.

Досега, покрај Фергусон, членови на таа комисија се и поранешниот менаџер Дејвид Гил, иконскиот капитен Брајан Робсон и сегашниот директор на фудбалот Џон Муртоу.

Првата средба на споменатата петорка се одржа во вторник. Иако Фергус и Гил формално останаа членови на управниот одбор на клубот во советодавна улога, таа улога беше симболична по природа поради нивната важност за „црвените ѓаволи“.

Во новата улога, неговите задачи ќе бидат поактивни, пишува „Дејли Мејл“. Стручниот совет ќе се грижи за односот на клубот со навивачите и имиџот и ќе се обиде да помогне со совети околу создавањето на тимот на англискиот великан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.