Лидерот во Првата македонска фудбалска лига Струга Трим и Лум одигра нерешено 1:1 на гостувањето кај Скопје, со што ја закомпликува ситуацијата на врвот од табелата по 26 одиграни кола.
Актуелниот првак Шкупи со шест голови за триесет минути во второто полувреме ја совлада Победа на гостински терен со 6:0, со што се доближи на пет бодови до Струга.
Во останатите натпревари, Брегалница беше поуспешна пред своите гледачи од Македонија ЃП со 2:1, додека натпреварите Академија Пандев – Работнички и Тиквеш – Силекс заврпија без голови.
Слободна во ова коло беше Шкендија.
Табела: Струга 50, Шкупи 45, Шкендија 44, Силекс 39, Брегалница 36, Македонија ЃП 32, Тиквеш 30, Работнички 25, Академија Пандев 21, Скопје 18, Победа 13.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.