Кристијано Роналдо го постигна првиот гол во сезоната 2022/23. Во натпреварот од 2. коло од групната фаза на Лига Европа против Шериф, напаѓачот на Манчестер Јунајтед реализираше пенал во 39. минута.
Пред вечерашната средба во Кишињев, 37-годишниот напаѓач имаше серија од седум натпревари без голови или асистенции за клубот во сите натпреварувања оваа сезона.
Сепак, треба да се потенцира дека Роналдо само три пати беше во почетниот состав на „црвените ѓаволи“.
Манчестер јунајтед го победи Шериф со 2:0, пред Роналдо гостинската мрежа ја затресе Џејдон Санчо.
Ова е прва победа за тимот од „Олд Трафорд“ во двете почетни кола од Лигата на Европа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.