Португалецот Кристијано Роналдо со капитенската лента ќе го предводи „Ол Стар“ тимот на Ријад, составен од фудбалери на саудиските прволигаши Ал Наср и Ал Хилал, на пријателскиот натпревар против француски ПСЖ, на 19 овој месец во Ријад, јавија синоќа локалните медиуми.

Роналдо на крајот од минатата година потпиша договор со Ал Наср до јуни 2025 година, но, се уште нема дебитирано за саудискиот прволигаш. Неговото официјално деби е предвидено за 22 јануари на првенствениот натпревар против Ал Итифак.

Три денови претходно Роналдо ќе биде капитен на заедничкиот тим составен од фудбалери од Ал Наср и Ал Хилал на пријателскиот натпревар против ПСЖ, кој ќе биде предводен од Лионел Меси.

Средбата е закажана во рамки на турнејата на францускиот шампион во Катар и Саудиска Арабија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.