Кристијано Роналдо, како еден од најпопуларните и најбогатите спортисти во светот привлекува големо внимание.
Не е невообичаено ваквите личности да бидат нападнати од крадци, криминалци или луѓе со психички проблеми, па популарниот CR7 не сакаше ништо да препушти на случајноста.
Каде и да се појави, славниот Португалец го чуваат двајца близнаци. Тоа се Серхио и Хорхе Рамалеиро, кои во минатото се бореле во Авганистан како војници, пишува „Сан“.
Откако браќата се вратиле од пеколот на Блискиот Исток во Португалија, тие работеле во полиција и биле задолжени за чување на судии и политичари. После тоа решиле да работат приватно и ги ангажирал Роналдо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.