Еден од најдобрите светски фудбалери во деведесетите, Бразилецот Ромарио, објави дека се враќа на фудбалските терени на 58 години.

Бразилските медиуми објавија дека легендарниот стрелец и официјално е регистриран како играч на Клуб Америка, второлигаш од Рио де Жанеиро, чиј претседател е сега.

Доколку оваа вест се оствари, тоа ќе биде негово враќање на терените точно деценија и пол откако и официјално се повлече од фудбалските терени.

Ромарио ги закачи копачките во 2008 година, за една година подоцна да излезе од пензија и да одигра 20 минути за истата Америка, омилениот тим на неговиот покоен татко, во мечот со кој беа крунисани за шампиони во втората лига на Рио де Жанеиро.

За Америка играше и синот на Ромарио, Ромарињо.

Во објава на својата страница на Инстаграм, Ромарио напиша: „Нема да се натпреварувам во првенството, но ќе одиграм неколку натпревари за тимот на моето срце и ќе исполнам уште еден сон, играјќи заедно со мојот син“.

Фудбалскиот сојуз на Рио де Жанеиро ја потврди регистрацијата на Ромарио како играч, додавајќи дека тој ќе добие минимална плата, која ќе му биде донирана на клубот.

Ромарио е легенда на бразилскиот и светскиот фудбал. За бразилската репрезентација играше од 1987 до 2005 година и постигна 56 голови. Најголемиот успех го постигна во 1994 година, кога го освои Светското првенство за Бразил и беше избран за најдобар фудбалер.

Играше за некои од најдобрите бразилски клубови (Фламенго, Васко де Гама, Флуминенсе…) додека во Европа беше член на ПСВ Ајндховен, Барселона и Валенсиј



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.