Борусија Дортмунд се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите откако на „Сигнал Идуна Парк“ го совлада ПСВ Ајндховен со 2:0.

Двата тима ја завршија пресметката во Холандија со резултат 1:1.

„Жолто-црните“ тргнаа многу силно и поведоа во третата минута по голот на Џејден Санчо, кој бележи втор натпревар по ред. До одморот избраниците на Един Терзиќ не успеаја да го зголемат водството и во вториот дел имаше доста тешки моменти откако ПСВ ја презеде иницијативата.

Ударот на Ирвинг Лосано ја погоди гредата, а Кобел неколкупати интервенираше за да го зачува водството на својот тим.

Голот на Фулкруг беше поништен поради офсајд, а во продолжението Де Јонг направи огромно промашување со кое можеше да израмни.

Неколку секунди подоцна Марко Ројс казни грешка во одбраната на холандскиот тим за да го обликува конечниот резултат



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.