Досегашниот тренер на Ница, Кристоф Галтие ќе биде нов предводник на францускиот фудбалски шампион ПСЖ. Како што објавува престижниот „Л’Екип“, парискиот клуб постигнал договор со Ница за откуп на договорот на 55-годишниот стручњак за 10 милиони евра. Со тоа, Галтие ќе го почне својот престој на клупата на ПСЖ на 4 јули, за кога е закажан почетокот на подготовките за новата сезона.

Официјализирањето на потписот на Галтие во моемтов зависи исклучиво од раскинот на договорот на ПСЖ со досегашниот тренер, Маурицио Покетино. Клубот преговара со преговара со адвокатите на аргентинскиот тренер за да се договори за обештетување за неговиот отказ, а првичните информации од Франција велеа дека тоа треба да биде направено за околу 15 милиони евра.

Со официјалното ставање потпис на договорот, Галтие ќе стане третиот француски тренер на ПСЖ откако клубот премина во рацете на катарскиот конзорциум „QSI“ по Антоан Комбуаре (2011-2012) и Лоран Блан (2013-2016).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.