Фудбалската репрезентација на Сенегал е победник на Африканскиот куп на нации што се одржа во Камерун. Во финалето, одиграно во Јаунде, Сенегалците ја совладаа селекцијата на Египет по изведување пенали.
Резултатот по регуларните 90, како и по продолженијата беше 0:0. Сенегал испушти можност да да постигне гол уште во седмата минута од натпреварот, но Садио Мане не реализираше пенал.
Во серијата пенали, Сенегалците беа попрецизни со 4:2. Победничкиот пенал го реализира токму Мане.
За Сенегал ова е прв трофеј во Купот на нации на Африка.
Египет остана на рекордните седум титули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.