Неверојатни сцени од фудбалските терени доаѓаат од соседството, од Босна и Херцеговина. На мечот на клубовите од пониските лиги беше линчувана судиската тројка.

Натпреварот од Првата кантонска лига на Тузланскиот кантон Трешњевка Маоча – Младост Горње Живинице, на кој беа претепани судиската тројка – Аган Рамиќ, Амир Хусиќ и Емир Бабајиќ и понатаму е една од топ темите во фудбалските кругови во БиХ. Насобраната толпа од трибините ги пцуеше, се смееше и се шегуваше додека толпата ги тепа тројцата арбитри.

Фудбалерите и хулиганите буквално ги линчуваа тројцата судии, фрлаа по нив со шишиња, ги тепаа со раце и нозе.

Спас не можеа да најдат ниту во соблекувалната бидејќи и таму беа тепани како и на теренот. На крајот еден од судиите целиот облеан во крв дотрчал кон полициската патрола која мирно го следела целиот инцидент. Никој од тројцата униформирани не мрдна, дури и кога еден од судиите падна на колена од болки и молеше за помош.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.