Во текот на вчерашниот ден Полска и Шведска излегоа со официјален допис дека немаат намера да играат против Русија во рамките од бараж средбите за Светското првенство.
Полска треба да игра со Русија во полуфиналето, а Шведска е во второто полуфинале во оваа група и е потенцијален нивни противник во баражот.
По ваквата ситуација стигна првата реакција од таборот на Русите и тоа од потпретседателот на Фудбалскиот сојуз на Русија, Сергеј Анохин.
Мислам дека Полска се плаши од нас затоа не сака да игра. Ова не е спортски принцип, фудбалот треба да биде надвор од политиката. Сите се плашат од Русија, па така и полските фудбалери – изјави Анохин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.