Македонската репрезентација во моментов го игра финалниот натпревар од баражот за Светското првенство против Португалија. На полувремето од натпреварот водството му припадна на Португалија (1:0).

Нашата репрезентација одлично го започна натпреварот, воведните минути се играа смирено на двете страни.

Во 14. минута од натпреварот Роналдо имаше одлична шанса за да го отвори резултатот но сепак беше непрецизен и остана 0:0.

Некаде на средината на полувремето Алиоски шутираше надвор од шеснаесетникот, но неговиот удар беше блокиран од одбранаа на Португалија.

Во 32. минута од натпреварот Бруно Фернандеш ја затресе мрежата на Македонија и донесе водство на Португалија од 1:0.

Останува да го проследиме второто полувреме и да видеме дали селскторот Милевски ќе најде решение да го сврти натпреварот во наша корист.

Извор: СпортМ


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.