Германскиот фудбалски клуб Штутгарт договори спонзорски договор со локалниот производител на автомобили Порше и консултантската компанија МХП, кој би можел да донесе повеќе од 100 милиони евра.
Мерцедес Бенц ќе остане главен спонзор на Штутгарт, но компанијата ќе се откаже од правото на името на стадионот, соопшти денеска бундеслигашот.
МХП, консултантска компанија за менаџмент и информатичка технологија, е член на групацијата на Порше и ќе го преземе правото на името на стадионот за почетен период од десет години.
„Планираната соработка со Порше, МХП и Мерцедес Бенц ветува долгорочно јакнење на клубот и компаниите кои стојат зад него. Тука инвеститорите во Лигата на шампиони се собираат под еден покрив“, изјави претседателот на Штутгарт, Клаус Фогт.
Штутгарт минатата сезона одвај избегна испаѓање од Бундеслигата, откако во двата бараж дуели беше поуспешен од второлигашот Хамбургер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.