Премиерлигашот Астон Вила го разреши од должноста тренерот Стивен Џерард поради незадоволителни резултати.

-Му благодариме на Стивен на неговиот труд и залагање, и му посакуваме сè најдобро во иднина, соопшти клубот од Бирмингем, откако му врачи отказ на својот досегашен тренер по вчерашниот пораз од Фулам.

Џерард седна на клупата на Астон Вила минатиот ноември кога дојде од Глазгов Ренџерс и потпиша договор на три и пол години.

Астон Вила во моментов е на 17. место во Премиер лигата со девет бодови од 11 натпревари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.