Братот на ѕвездата на француската фудбалска репрезентација Килијан Мбапе, 15-годишниот Етан Мбапе, дебитираше синоќа за сениорскиот тим на ПСЖ.

Помладиот Мбапе го одигра второто полувреме во победата на францускиот првак од 2-1 во пријателскиот натпревар против локалниот ривал Париз влегувајќи на теренот на местото на Фабијан Руиз.

Покрај младите играчи во составот на ПСЖ се најдоа и искусните Серхио Рамос, Марко Верати и Ренато Санчез. Етан Мбапе лани потпиша тригодишен договор со ПСЖ, а младиот играч за врска е член и на француската репрезентација до 16 години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.