Тренерот на Челси, Маурисио Покетино, ќе мора да одработи еден меч суспензија, а тоа ќе се случи на денешната средба против Њукасл, каде тој нема да ги води „синитеи“.

Аргентинскиот стратег бурно реагираше во самиот финиш од мечот против Манчестер Сити пред неколку недели, со што заработи трет жолт картон, а тоа според пропозициите, значи еден натпревар суспензија.

Покетино тогаш влета на теренот да се пресмета или да се дообјасни со тренерот Ентони Тејлор за одредени одлуки со кои Аргентинецот не се согласуваше, па заработи суспензија.

Знаеме дека е тешка работата на судиите, но мора и ние тренерите да бидеме повеќе инволвирани на некој начин во нивните одлуки, а не веднаш да добиваме жолти картон, но што е тука, суспензијата ќе мора да се одработи, порача Покетино.

Мечот се игра попладнево од 16 часот на „Сент Џејмс парк“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.