Генерацијата 2009 на ФК КУЛ успеа да победи на натпревар од Регионалната Скопска Лига, против екипата на Грозданоски. Младите надежи на ФК КУЛ славеа со резултат 3:0 (1:0).
Тренерот Арсовски стартуваше со следниве 11-сетмина: Божидар Георгиевски, Андреј Илиевски, Матеј Манев, Матеј Ивановски (К), Теодор Љубомировски, Петар Крчаноски, Марко Стојановски, Јован Гиевски, Кирил Стојановски, Филип Дукоски и Матеј Фидановски.
Уште во 9.минута од натпреварот ФК Кул го отвори резултатот со голот на Кирил Стојановски, кој погоди на асистенција од Дуковски. Имаа контрола на играта и иницијатива на овој натпревар. Во првиот дел обиди имаа уште и Матеј Ивановски и Петар Крчаноски, но на полувреме резултатот беше 1:0.
Во вториот дел ФК КУЛ постигна уште два гола во мрежата на Грозданоски. Избраниците на Арсовски продолжија со офанзивната игра, едноставно се редеа шансите пред голот на противникот. Откако противничката одбрана не успеа да исфрли една топка, тоа го казни Јован Гиевски кој со силен и прецизен удар успеа да го совлада гостинскиот голман за предност од 2:0 во 44 минута. Најубавиот гол на натпреварот беше дело на Матеј Ивановски кој од слободен удар ја „искина“ мрежата“’ за предност од 3:0 во 63 минута. До крајот на дуелот ФК КУЛ имаа уште неколку прилики, но крајниот резултат гласеше 3:0.
Во игра влегоа Мартин Митаноски, Андреј Нешевски, Јорго Цаца, Марко Мартин Митановски, Марио Николовски, Горазд Ѓуроски, Стефан Адамчевски и Иван Смиљевски.
Извор: fccool.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.