Легендата на македонскиот фудбал Дарко Панчев во разговор за српски „Курир“ пред историскиот натревар со Португалија вели дека селекторот Благоја Милевски треба да разговара со српскиот стратег Пикси за овој дуел.

Србија ја победи Португалија во групите и затоа ќе му препорачам на нашиот селектор Милевски да разговара со Драган Стојковиќ Пикси, сигурен сум дека има што да му каже. Да го најде како знае и умее. Нека се јави во федерацијата. Да добие совет, информација. Сепак Пикси е поискусен тренер, а да не заборавиме и каков фудбалер беше. Еден од најголемите на овие простори. Тоа може да му биде корисно, не треба да е суетен, треба да му се јави и да го праша, изјави Панчев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.