Аргентинскиот стратег Маурисио Покетино нема и следната сезона да седи на клупата на францускиот фудбалски првак ПСЖ, објави денеска весникот “Ле Паризиен”.

Според истиот извор, раководството на ПСЖ веќе донело одлука да му врачи отказ на 50-годишниот тренер и истата се очекува многу скоро да биде официјално објавена.

Покетино во неделата ја освои шампионската титула во Франција, но пресудни за неговата иднина во ПСЖ се покажаа елиминациите во Лигата на шампиони и Купот на Франција.

Раководството на ПСЖ за наследник на Покетино го посакува легендарниот француски фудбалер Зинедин Зидан, а како можно решение се споменува и името на тренерот на Тотенхем, Антонио Конте



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.