Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп призна дека Арсенал заслужено ги освои бодовите на денешното дерби во 23. коло од англиската Премиер лига.

„Топчиите“ славеа со 3:1 покажувајќи моќ против лидерот.

– Честитки за Арсенал. Денес не бевме доволно добри. Би сакал резултатот да останеше 1:1 подолго. Најдовме начин да се вратиме во игра. Во вториот дел имавме шанси, но примивме гол. Не ни одеше најдобро. Таков гол [на Мартинели] само покажува дека и нашите фудбалери се луѓе. И денес навистина бевме само луѓе. Противникот постигна неколку голови и во многу аспекти изгледаше подобро од нас. Треба да играме подобро, тоа е очигледно. Дали беше фер исклучувањето на Конате. Не е сигурно. Но и без него губевме со 1:2, изјави главниот тренер на Ливерпул.

 

По овој натпревар Ливерпул остана на 51 бод на првата позиција, Арсенал е втор со 49, трет е Манчестер сити со 46 бода , но и два натпревара помалку.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.