Сенегалскиот претседател Меки Сал го прогласи понеделник, 7 февруари, за неработен ден во земјата.
Причината е победата на репрезентацијата во Африканскиот куп.
Оваа одлука политичарот ја донел, бидејќи денес селекцијата на Сенегал ќе се врати во Дакар.
Сали го откажа последниот дел од дипломатското патување за лично да го поздрави тимот.
Сенегал синоќа на пенали го победи Египет со 4:2 во финалето на Африканскиот куп во Камерун. Сенегалеците за прв пат во историјата станаа фудбалски шампиони на Африка.
Резултатот по регуларните 90, како и по продолженијата беше 0:0. Сенегал испушти можност да да постигне гол уште во седмата минута од натпреварот, но Садио Мане не реализираше пенал.
Во серијата пенали, Сенегалците беа попрецизни со 4:2. Победничкиот пенал го реализира токму Мане.
За Сенегал ова е прв трофеј во Купот на нации на Африка.
Египет остана на рекордните седум титули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.