Нејмар беше изнесен на носилки на мечот меѓу ПСЖ и Лил. Се чини дека повредата на Бразилецот дојде „во вистинско време“.

Во неговата татковина пред два дена започна традиционалниот карневал во Рио де Жанеиро, кој трае до 25 февруари.

Затоа, не би чудело доколку офанзивецот замина во родниот град да се опорави, па на социјалните мрежи наскоро би можела да се појави фотографија од овој настан. Згора на 11 март е роденден на неговата сестра Рафаела што тој не го пропушта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.