Ромелу Лукаку се согласи да се пресели во Јувентус уште додека беше играч на Интер.
Според новинарот Џанлука Ди Марцио првите контакти меѓу заменик спортскиот директор на Јувентус, Џовани Мана и претставникот на Лукаку Себастиен Ледуре се случиле во март оваа година.
Тогаш играчот ја забележал информацијата за интересот на „Бјанконерите“, но побарал од клубот да почека до крајот на сезоната. Наводно Лукаку и Јувентус постигнале договор веќе на 12 јуни – два дена по поразот од Интер во финалето на Лигата на шампионите. На одлуката на Белгиецот влијаеше тоа што тој не беше вклучен во стартниот состав на овој меч. Ова го разочара фудбалерот.
Претходно се дозна дека Јувентус и Челзи разговараат за размена на Лукаку за Душан Влаховиќ. Како дел од оваа зделка и во Јувентус сакаат да добијат 35-40 милиони евра, но лондонци нудат околу 10 милиони помалку. Страните преговараат за структурата на трансакцијата, која може да вклучува различни бонуси.
Се истакнува дека италијанскиот клуб сака да го размени Влаховиќ за Ромелу не само од спортски, туку и од економски. За три години во клубот Белгиецот ќе заработи околу 30 милиони евра помалку од Србинот. Дополнително, продажбата на Душан ќе му помогне на Јуве да ја надомести загубата на приходи поврзани со суспензијата од европските натпреварувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.