Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски е новото засилување на хрватскиот клуб Славен Белупо.

Илија и Славен се договорија за соработка и потпишаа договор до крајот на оваа сезона.

Несторовски доаѓа по кариерата во Италија каде играше за Удинезе и Палермо, а претходно играше за Интер од Запрешиќ каде забележа 35 настапи во ХНЛ.

Како репрезентативец на Македонија, Илија Несторовски досега 52 пати го носеше националниот дрес и 10 пати се запиша во листата на стрелците



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.