Претседателот на Ал Хилал, Анмар Ал Каили зборуваше за неуспешните преговори со аргентинскиот напаѓач Лионел Меси.

Клубот од Саудиска Арабија се обиде да го ангажира фудбалерот летото 2023 година, кога тој го напушти ПСЖ.

-Бевме во контакт со Меси кога му завршуваше договорот со парижаните. Му понудивме 1,4 милијарди евра, но тој одби бидејќи неговото семејство сакаше да се пресели во Америка. Изненадувачки е што фудбалерот ја одби таквата понуда. Се обиде да го убеди семејството, но не успеа. Ние го почитуваме ова бидејќи семејството е поважно од парите, изјави Ал Каили за „NIBC“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.