Најпознатата хрватска навивачка, инфлуенсерката Ивана Кнол, е во Германија каде што Хрватска настапува на ЕП 2024, но како што објави на социјалните мрежи, не ужива премногу во престојот. Така, Кнол на Инстаграм се пожали дека е разочарана од сместувањето во хотелската соба.
Платив илјадници за „најдобриот хотел“ во Берлин, а собите се стари, греењето не работи, салата и базенот се во изградба“, сподели таа позирајќи пред огледало.
Платив 650 евра за една ноќ, а во цената е вклучено: стара соба без парно, теретана и базен не се достапни поради реновирање, а уште повеќе, менаџерот е безобразен“, додава таа во видеото каде што покажува како изгледа нејзината соба.
Дополнителна непријатност за Кнол во престојот во Германија е и резултатот од првиот натпревар на „коцкестите“ во кој загубија од Шпанија со 3:0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.