Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо сака да го продолжи договорот со саудискиот клуб до 2027 година, објави новинарот Али Ал-Харби.

Триесет и осумгодишниот Португалец сака да игра на Светското првенство во 2026 година, по што планира да се повлече од фудбалот. Роналдо е подготвен да го игра целиот овој период во Ал-Наср.

Актуелниот договор на Роналдо е до 2025 година. Во првенството на Саудиска Арабија се пресели на почетокот на 2023 година.

Оваа сезона Роналдо одигра 11 натпревари за Ал-Наср, постигна 11 голови и шест асистенции



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.