Ви ги откриваме интересните настани кои гo одбележаа првoто Светско првенство  во Уругвај во 1930 година.

Ниту едно Светско првенство во изминатите 92 години не поминало без интересни настани и контроверзни одлуки.

Првенството во Уругвај е единственото во историјата кое се одржа без квалификации и на кое учествуваа повеќе репрезентации од Северна и Јужна Америка, од кои девет, наспроти само четири од Европа (Југославија, Франција, Белгија и Романија). Причината за тоа е што патувањето со брод преку Атлантскиот Океан било исклучително долго и скапо.

Репрезентацијата на Египет требаше да игра во Уругвај, но задоцниле да се качат на бродот, па останале без учество на Мундијалот.

Репрезентацијата на Југославија го имаше најмладиот тим на СП, а просечната возраст на нашата селекција беше 21 година и 258 дена. Инаку, по првиот натпревар и победата над Бразил (2:1), тамошните медиуми ја нарекоа нашата репрезентација „Ичачос“ поради тоа што повеќето презимиња на играчите завршуваа на „иќ“.

Интересно е тоа што романскиот тим беше избран лично од нивниот крал Керол Втори, кој инаку  бил голем љубител на фудбалот. Романците се согласија да играат на СП дури кога Керол Втори лично им гарантираше дека нема да останат без работа по враќањето од Уругвај, а тој им вети и пари.

Стадионот „Сентенарио“ во Монтевидео е специјално изграден за Мундијалот, а интересно е што неговата изградба е завршена пет дена по почетокот на првенството. Инаку, и денес, 92 години подоцна, репрезентацијата на Уругвај своите натпревари ги игра на споменатиот стадион.

Светската титула ја освои Уругвај, кој во својот тим имаше двајца инвалиди – Хозе Леандро Андраде бил слеп на едното око, додека Хектор Кастро немал една рака. Сепак, Кастро не го спречи да биде стрелец на еден од четирите гола на последниот натпревар против Аргентина, па подоцна го доби прекарот „еднорач“.

Финалниот натпревар се играше со две различни топки. Имено, поради големото ривалство, Уругвај и Аргентина не можеа да се договорат со чија топка ќе се игра финалниот натпревар, па судијата донесе одлука да ја искористи топката што ја донесоа Аргентинците во првото полувреме, а топката на домашните во второто полувреме



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.