Кристијано Роналдо направи голем скандал по мечот против Евертон, кој го загуби Манчестер јунајтед со 1-2), поради што Португалецот се изнервира и удри еден навивач.
Роналдо на детето со аутизам му го скрши телефонот и му ја повреди раката, по што мајката го обвини Португалецот и го нападна преку социјалните мрежи.
Португалецот реши да се извини со порака на Инстаграм, но тоа само дополнително ја налути мајката на детето.
„Извинувањето на Инстаграм кое не беше комплетно ме налути најмногу. Како може да биде толку груб. Требаше лично да му се извини на син ми, а не преку социјалните мрежи. За првпат бевме на натпревар, ова е големо разочарување“, кажа мајката.
„Го прашав Џејкоб: Сакаш ли да одиш кај Роналдо?, а тој ми одговори: „Не мама, не сакам веќе никогаш да го видам“. Тоа беше вознемирувачки затоа што Роналдо беше една од причините поради кои сакаше да биде на стадион на мечот против Јунајтед“, вели Сара за англиските медиуми.
Момчето уште чувствува болка на раката по која беше удрен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.