Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, Драган Канатларовски ги искажа своите очекувања за претстојните две средби во октомврискиот циклус на квалификации за пласман на Европското првенство.

– Секој повик за репрезентацијата, сам по себе претставува голем мотив. Играчите треба да разберат дека националниот тим секогаш е на првото место и треба со голема желба и посветеност за се игра и бори за Македонија, без разлика кој е противникот на другата страна. Натпреварот со Молдавија го дочекуваме со посебна желба и мотивација, со оглед на тоа што се случуваше на првиот меѓусебен наш дуел каде што забележавме несреќен пораз. Се надевам и верувам дека ќе успееме да одиграме квалитетно, борбено и максимално пожртвувано, остварувајќи победа. Што се однесува до Грузија, не очекува еден тежок натпревар, на кој ќе добиеме вистинска слика за нашиот тим, изјави Канатларовски за сајтот на ФФМ.

Натпреварот со Молдавија ќе се игра на 11 октомври, на тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје.

На 15 октомври македонските фудбалери ќе гостуваат во Грузија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.