Владиката на Тетовско-гостиварската епархија при Македонската православна црква г. Јосиф испрати соопштение до јавноста со кое изразува целосна и безрезервна поддршка на јавниот апел за рамноправен третман на фудбалските клубови Тетекс и Љуботен од Тетово.

Примајќи ја грижата на својот верен народ и истакнувајќи ја својата посветеност за мир, соработка и соживот Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, како надлежен владика на Тетовско-гостиварската епархија на Македонската православна црква изразува целосна и безрезервна поддршка на јавниот апел за рамноправен третман на македонските фудбалски клубови „Љуботен“ и „Тетекс“, кои се вистинско и маркантно обележје на македонскиот спорт и долгогодишна спортска традиција, се вели во соопштението на Тетовскиот-гостиварската епархија.

Од таму со повик до властите да обезбедат рамноправен третман.

Митрополитот ги повикува Општина Тетово, властите и одговорните со зголемено внимание да постапуваат во насока на овозможување на соодветен простор за делување и развој на сите луѓе, групи, клубови и организации, без разлика на нивната национална припадност. Секој човек има права и слободи, а секој заслужува рамноправен третман! Демократијата не завршува кога ги остварувате Вашите права, а почнува онаму каде започнува Вашиот интерес и за правата на другиот, се вели во соопштението на Тетовскиот-гостиварската епархија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.