Српската фудбалска репрезентација ја пречека селекцијата на Швајцарија во Лесковац, во третото коло од А дивизијата на Лигата на нации.

Србија одлично влезе во натпреварот, а „орлите“ успеаја да поведат во 46. минута, кога Нико Елведи си постигна автогол..

Тоа им даде крилја на српските фудбалери кои од стартот на вториот дел силно тргнаа кон голот на Швајцарија.

Се исплатеше во 61. минута, по феноменалниот гол на најдобриот стрелец Александар Митровиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.