Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас е уверен во трансфер на фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе во Реал Мадрид.

Тој истакна дека во шпанското првенство секогаш играат најдобрите фудбалери.

– Јас сум 99,99 отсто сигурен дека Мбапе ќе биде во Реал Мадрид. Што се однесува до доаѓањето на Халанд во Шпанија во скоро време, тоа ќе биде потешко. Тој не беше во Сити доволно долго за да размислува за заминување, изјави Тебас за „Marca“.

Претходно беше објавено дека Мбапе одбил бонус за верност кон ПСЖ во износ од 80 милиони евра, само за да се пресели во Реал Мадрид.

Французинот кој е еден од најдобрите фудбалери на светот, името на својот иден клуб ќе го соопшти пред почетокот на Европското првенство 2024



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.