Поранешниот најдобар стрелец во Македонката прва лига, Мартин Мирчевски е еден од хероите кои спречија трагедија на магистрален пат во Србија.

Напаѓачот на српскиот тим ТСЦ од Бачка Топола беше еден од петтемина кои на магистралниот пат Суботица – Бачка Топола спречија поголема трагедија.

Фудбалерите на ТСЦ налетаа на верижен судир, по што Мирчевски и колегите излегоа од автомобилот и им сигнализираа на останатите возачи да запрат.

Во судирот биле повредени 11 лица, а за среќа нема загинати, додека Мирчевски и колегите беа прогласени за херои.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.