Италијанскиот фудбалски прволигаш Сампдорија го потврди враќањето на тренерската позиција на Марко Џампаоло, кој веќе го предводеше тимот од Џенова во периодот од 2016 до 2019 година.
Џампаоло на клупата на Сампдорија ќе го замени Роберто Д’Аверса, кој доби отказ по поразот на домашен терен од Торино (2:1), што екипата ја остави на 16. место на табелата со 20. бодови, само четири над зоната за испаѓање.
Претходно, Џампаоло имаше краток престој од само седум натпревари на клупата на Милан, како и неуспешна епизода во Торино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.