Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, поради операција ќе биде надвор од фудбалските терени во период од месец до месец и половина. Ноер вчера беше опериран на десното колено.

Местото на Нојер во баварскиот тим ќе го заземе резервниот голман Свен Улрајх.

Според новинарот Флоријан Плетенберг, преговорите за продолжување на договорот на 35-годишниот Нојер ќе продолжат. Договорот на Ноер со клубот од Минхен е со важност до 30 јуни 2023 година.

Голманот оваа сезона забележа 28 настапи за Баерн и прими 28 гола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.