Манчестер јунајтед е заинтересиран за голманот на Евертон, Џордан Пикфорд, објави „Дејли стар“.

Според британскиот медиум, раководството на тимот од „Олд Трафодр“ е подготвено да понуди 45 милиони фунти за 29-годишниот репрезентативен голман на Англија.

Пикфорд минатата сезона одигра 37 натпревари во Премиер лигата за Евертон, прими 60 гола и осум пати ја зачува мрежата „чиста“.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на голманот на 25 милиони евра



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.