Премиерлигашот Манчестер јунајтед објави денеска дека почнал постапка за преземање „соодветни чекори“ по повод контроверзното интервју кое неодамна за англиските медиуми го даде нивниот фудбалер Кристијано Роналдо.
Португалскиот фудбалер во интервјуто погрдно зборуваше за дел од соиграчите, тренерот Ерик тен Хаг и за водечките луѓе на клубот. Притоа не внимаваше на речникот и зборуваше дека челниците „сакаат да го избркаат од клубот“, дека „не го почитува тренерот“ и оти клупското раководство „воопшто не го интересираат постигнатите резултати“.
-Манчестер јунајтед денеска поведе постапка за соодветни чекори како одговор на сè она што го зборуваше Кристијано Роналдо. Додека целиот процес не заврши нема да даваме какви и да е нови коментари, објави англискиот фудбалски прволигаш на својот официјален сајт.
Англиските медиуми објавија дека крајната цел на Манчестер јунајтед е по судски пат да го раскине договорот со Роналдо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.