Нерешно 1:1 заврши  пријателскиот натпревар на македонската фудбалска репрезентација и финскиот национален тим одигран вчера на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Финците дојдоа во водство преку Оливер Антман во 37. минута. Изедначи Енис Барди од пенал во 75. минута.

Двете репрезентации пропуштија уште неколку убави шанси за постигнување уште по некој гол, но се чини дека ремито е реален исход.

Избраниците на селекторо Благоја Милевски, в недела ќе одиграат уште еден контролен натпревар, противник ќе им биде селекцијата на Азербејџан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.