Напаѓачот на Челси, Ромелу Лукаку би можел да ја продолжи кариерата во Наполи, пренесува новинарот Фабрицио Романо. Триесет и едно годишниот Белгиец е подготвен да ја намали својата плата од 11 милиони евра на 6 милиони.

Репрезентативецот на Белгија сака повторно да работи под водство на Антонио Конте. Во моментов трансферот на Лукаку зависи од евентуална зделка која би го испратила Виктор Осимен во Пари Сен Жермен.

Лукаку се врати во Челси во 2021 година. Минатата сезона напаѓачот настапуваше за Рома како позајмен играч. За Римјаните забележа 47 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 21 гол и 4 асистенции



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.