Уругвајскиот фудбалски репрезентативец Луис Суарез ќе ја продолжи кариерата во бразилскиот прволигаш Гремио.
Откако го раскина договорот со мадридски Атлетико, Суарез во текот на летото се врати во уругвајски Национал со кога ја освои шампионската титула.
Во ноември се збогува со матичниот клуб и кариерата ќе ја продолжи во еден од најтрофејните бразилски клубови.
Суарез е единствениот фудбалер кој во ерата на Лионел Меси и Кристијан Роналдо два пати ја освоил „Златната копачка“, а во кариерата настапуваше и за Гронинген, Ајакс, Ливерпул и Барселона
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.